Вахиде Перчин познатaтa турскa актерка која гледачите ја препознаваат по улогата на Зехра во серијата “Девојчето со името Фериха”, повторно се сретна со подмолната болест од која при снимањето на популарната серија со тешка битка се спасила.
Работата е во тоа дека кај нејзиниот поранешен сопруг беше дијагностицирана истата болест. Нејзиниот поранешен сопруг Алтан Гордум, од кој се разведе пред две години поради неговата рамнодушност кон болеста која ја погоди во 2011 година, на крајот на декември дијагностициран е рак на кожата.
– Бев повредена кога по 20 години брак сфатив дека на мојот партнер му е сеедно, дали ќе живеам или ќе умирам. Не знам која од овие две болести повеќе ме уништи ракот или разочарувањето! Паднав во тешка депресија, а ќерка ми Alize ми беше единственото засолниште во кое ја најдов силата да се борам и да преживеам – вели Vahide која кога слушнала за ситуацијата во која се наоѓа бившиот сопруг одлучила да проголта сè и да биде поголем човек од него.
– Алтан и јас сме се обврзале еден на други во доброто и злото. Додека смртта не не раздели. Со оглед на тоа дека таа последните години нѝ е поблиску од кога било тој завет ќе го испочитувам. Порачува новата Hurem која ќе се врати во семејниот дом за да со ќерката го негува поранешниот партнер.
Она што е интересно е дека во последниот серијал на Сулејман Величествениот со Vahide се појавува и нејзината ќерка
Alize која ја игра ќерката Нешзгир ќерката на Мустафа!
Кукурику.Мк