Невработен, во долгови и со големи шанси уште една година од животот да ја помине по улиците на градот Џера во Унгарија, Ласло Андрашчек (55) ги потрошил последните пари кои ги имал за лото ливче.
Се испоставило дека тоа било неговата можеби најважна одлука во животот бидејќи Андрашчек токму со тој тикет минатата есен станал најголем добитник на лотарија во Унгарија. Кога помислил дека среќата засекогаш му свртила грб, седумте броеви му донесле добивка од 2 милиони евра.
Прво што направил откако и соопштил на сопругата и децата дека добил награда, било исплаќање на сите долгови, со цел да сврти нова страница во животот. Потоа со својот велосипед отишол во салон по нов автомобил.
Меѓутоа овој сега бивш бездомник нема намера да се расфрла со своите пари. За своите 3 деца купил по еден стан.
Станав богат но јас сум истиот човек. Сега можам да си купам поголем телевизир бидејќи можам да си го дозволам тоа – изјавил Андрашчек.
Пред 5 години имал проблеми со алкохолот па сега планира да отвори фондација за помош на зависниците кои се жртва на насилство во семејството.