Кога сте во тесно – направете си дома смеса за депилација – брза и безболна


depilacija-1

Депилацијата со шеќерна паста или египетската депилација веројатно е најблиска до восочната, но нејзината предност е што нема делови на телото каде не смеете да ја нанесувате.

Плус болката е дупло помала од восочната депилација.

Египетската депилација се препорачува за луѓе со чувствителна кожа, бидејќи делува антиалергиски.

Оваа природна депилација, можете да ја направите и сами.

Состојки:

– 2 чаши шеќер

– ¼ чаша вода

– ¼ чаша лимонов сок

depilacija

Подготовка и употреба

1. Исцедете го лимонот, но цедете го со помош на газа која ќе ги задржи семките и малите парченца лимон. Во тенџерчето ставете го шеќерот и на тивок оган мешајте додека не се растопи.

2. Во растопениот шеќер додадете ја водата и сокот од лимон, а на тивок оган мешајте околу 5 минути додека смесата не добие златна, црвенкаста боја.

Така подготвената смеса ставете ја во керамички сад и оставете ја да се олади, но не премногу. Смесата нека биле млака за да можете да ја држите во вашата рака.

depilacija-113. Кога шеќерната паста ќе се олади во раката земете доволна количина да направите топче. Пастата развлекувајте ја со рацете додека не стане светла и не се растегнува.

Со раката нанесете ја на подрачјето кое сакате да го издепилирате и тоа во насока спротивна од растот на влакната. Потоа со брзи движења отстранете ја пастата и влакната.

СОВЕТ: За да ја одржите температурата на пастата идеална, држете ја во сад со топла вода.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1