Кога студирал немал пари ни за ранец, сега е шеф во Гугл


Основачите на “Google”, Лери Пејџ и Сергеј Брин приредија изненадување и најавија радикално реструктуирање на компанијата. Лери Пејџ ќе стане извршен директор на новооснованиот “Alphabet”, Сергеј Брин претседател, а местото на извршен директор на “Google” ќе му припадне на Сундар Пичаи, поранешниот шеф за Chrome OS и Android.

Токму затоа јавноста особено се заинтересира за Пичаи, кој од скромните почетоци на југот на Индија стигна до водечка позиција на една од најголемите компании во светот.google0

Колегите велат дека тој е роден дипломат со неверојатно памтење, а тоа е вештина која ја открил кога имал само 12 години. Имено, тој сфатил дека го запамтува секој телефонски број кој ќе го повика.

Меѓутоа, тој не бил обичен “бубалица” кој ги поминувал деновите во својата соба зад компјутерот. Тој бил капетан на средношколскиот крикет тим и забележал одлични резултати на регионалните натпреварувања.

Но, воедно бил и одличен ученик што му осигурало стипендија на Стенфорд, каде едвај успевал да врзе крај со крај, а не можел да си дозволи ни ранец кој чинел само 60 долари. Па дури, неговиот татко за авионската карта до Сан Франциско морал да работи година дена.

Тој продолжил да студира, а произведувал и чипови за “Applied Materials”, а во “Google” почнал да работи на 1-ви април 2004 година, на денот кога “Google” на светот му го претстави “Gmail” кој збуни многу корисници кои мислеа дека се работи за првоаприлска шега.

Но, првите задачи не биле особено напорни, па почнал да работи на полето за пребарување на “Google” во “Firefox” или “Internet Explorer”.

Тогаш му паднало на памет дека “Google” би требало да започне со работа на сопствен пребарувач.

Тогашниот извршен директор, Лери Шмит сметал дека се работи за лоша идеја, но Пичаи бил упорен и денес пребарувачот “Chrome” е еден од најкористените.

Тој го осмислил и концептот за “Chromebook”, евтиниот ноутбук кој денес претставува значителен дел од продажбата, а тоа му осигура и сигурна позиција во компанијата.

Имено, во 2010 година “Twitter” пробале да го “украдат”, но “Google” тогаш наводно му исплатил бонус од неколку десетици милиони долари.

Но, некои тврдат дека се работи за гласини и дека тој останал во компанијата независно од парите. Лојалноста очигледно му се исплатеше.

Зазабава.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1