Кои куќи во Македонија се опседнати со духови?


Постојат легенди кои посочуваат дека најверојатно на повеќе локации во Македонија постојат куќи кои се опседнати со духови. Puls 24 ги набројува најпознатите

kukjaСкопје – позната е зелената куќа во Црниче. Таа за жал сега е веќе срушена. Жителите на населбата Црниче сеуште сметаат дека оваа куќа долг период била опседната со духови. Оние кои поминувале покрај куќата во доцните часови слушале најразлични крици и извици, како и тропање на врати кои всушност не постоеле во куќата.

Братска клетва е причина за проклетството на зелената куќа во скопската населба Црниче. Оваа легенда ја раскажа потомок на првите сопственици на куќата и наводно Скопјанецот Трајко Боцев ги проколнал браќата бидејќи не сакале да го погребаат во семејната куќа. Никој не знае ниту каде е закопан. Пред да умре фрлил клетва на браќата да им се уништи се’ во животот. Од тука почнува проклетството“, раскажува за “Вест“, Здравко, потомок на Трајко.

Целата приказна на следниот линк –

ОТКРИЕНА КЛЕТВАТА ФРЛЕНА НА ХОРОР КУЌАТА ВО ЦРНИЧЕ

kukja duh4Втората приказна е за семејството кое се доселило од Црна Гора. Семејството маж, жена и 3 деца биле богати. Едното дете починало паѓајќи од коњ, второто се удавило во бунарот, мајката се самоубила, а набрзо по неа и таткото. Отогаш во оваа куќа се случувале чудни работи.

Во македонскиот град Прилеп, исто така постојат неколку куќи за кои се верува дека се опседнати со духови. Доказ за тоа е сведоштвото на жителите кои раскажуваат дека навечер се палеле лампи во овие напуштени куќи, сами се отварале и затворале вратите и слично.

Во центарот на Штип, постоела празна и напуштена куќа за која се верува дека е опседната со духови. Но, откако во таа куќа се наоѓа централа на некое радио, вработените ниту еднаш не се пожалиле дека се „вознемирени“ од духови.

duhovi-kuki-2

Во градот на браќата Манаки, Битола, жителите сведочат за куќа која најверојатно е опседната со духови. Доказ за тоа е крстот кој се наоѓа на едната страна од ѕидот. Оние кои живееле таму, се обидувале преку фарбање на ѕидот да го покријат крстот, но не успеале.

Повеќе прочитајте на – Пулс 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1