Кои права ги има претседателот во Македонија


Според утврдените права и должности со Уставот и законите на Република Македонија, претседателот го определува мандаторот за состав на Владата на Република Македонија, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, склучува меѓународни договори во име на Република Македонија, доделува одликувања и признанија и дава помилувања.

izboriУказот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, доколку смета дека не е во согласност со Уставот или е во спротивност со потврдените меѓународни договори, и да го врати на повторно разгледување во Собранието. Доколку притоа Собранието го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот на Републиката е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во рамки на надлежностите на Претседателот на Републиката е и да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија, двајца членови на Судскиот совет на Република Македонија, а предлага и двајца членови на Советот за радиодифузија. Претседателот го предлага и Гувернерот на Народна Банка на РМ, кој потоа го именува Собранието.

Претседателот на Републиката е Врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, го поставува и разрешува Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, поставува и разрешува генерали. Тој е и Претседател на Советот за безбедност на Република Македонија и именува тројца од членовите на Советот. Претседателот, исто така, го именува и разрешува директорот на Агенцијата за разузнавање.

Титулата Национален уметник ја доделува претседателот на Република Македонија, врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија.

Извор: http://www.president.gov.mk / Pravdiko
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1