Искористивме прекрасна демократска алатка. Го одржавме и подигнавме активизмот и капацитетноста. Изградивме прекрасни партнерства и соработки со граѓанските активисти на цели кои може да бидат заеднички, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот профил на Фејсбук по соопштувањето на резултатите од референдумот.
„Во услови на референдум кога со самиот чин на излегување на гласање се испраќа пораката на решителност да се спротивставиш на забеганата власт, а при Избирачки список во кој повеќе од 25 отсто гласачи практично не се на адресите кои се водат на Избирачкиот список, мислам дека успехот е повеќе од добар. Така што досега само критичен осврт видов од борци против режимот“, напиша Заев.
Тој порача: „Немојте да бидете храбри борци при првата помисла дека непријателот против кој се бориме ќе искористи наш половичен успех или неуспех… веднаш почнуваме да бараме кој тоа е виновен… нема овде виновни. Комплименти за сите што гласаа и сите што се вклучија да го помогнат и поддржат референдумот“.