Повеќето наши естрадни фаци имаат студирано на приватните универзитети кај нас и повеќето се вечни студенти. Кај фолкерите ситуацијата е уште покатастрофална. Многумина од нив имаат само основно образование, истражува порталот „Убавина и здравје“.
Повеќето пејачи, кои имаат завршено средно музичко училиште имаат завршено и музичка академија во Скопје. Едни од ретките кои го имаат завршено овој факултет се Тамара Тодевска, Елена Петреска, Адријана Јаневска, Сузана Турунџиева, Тијана Дапчевиќ.
Влатко Илиевски има дипломирано на Факултетот за драмски уметности. Лила Филиповска пред неколку години дипломира на Филолошкиот факултет. Боки 13 заврши средно во гимназијата „Јосип Броз Тито“ и се запишал на Факултетот за туризам, ама не го завршил. Ненад Георгиевски студирал на повеќе факултети ама се нема пофалено дека завршил некој од нив. На неговиот фејсбук-профил нема податоци за образованието.
Викторија Лоба студирала на бизнис-академијата „Смиленски-БАС“ и се уште ја нема завршено. Водителката Јована Стојменовиќ дипломирала на Филолошкиот факултет, а е магистер по односи со јавност на Правен факултет.
Кристина Арнаудова студирала на Европски универзитет, па на Еуро колеџ во Куманово, немаме податоци дали завршила. Дани студирала на Факултетот за туризам во Скопје, Натали Грубовиќ студирала на Филолошкиот факултет, отсек англиски јазик, каде што дипломирала.
Каролина Гочева се запишала на Филолошкиот факултет, отсек англиски јазик. Ѓоко Таневски има здипломирано на Факултетот за туризам и менаџмент, во 2009, Елена Ристеска студирала на Филолошкиот факултет, отсек италијански јазик.
Анастасија Петреска студирала на „Неофит Рилски“ во Благоевград. Марјана Стојановска завршила средно училиште „Лазар Личеновски“, отсек применета уметност.
Јоце Панов студирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ама немаме податок дали дипломирал. Мијата има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик.