Кој е украинецот кој се обиде да киднапира авион и да го насочи кон Сочи (Видео)


Свеченото отворање на Зимските Олимписки Игри мина во најдобар ред, но можеше да биде и поинаку, ако киднапирањето на авионот на турската авиокомпанија не беше спречено од страна на турските специјални единици.

ukrainec-2Сега светот со право се прашува, а и стравува…Кој ли е 45-годишниот Украинец, кој беше совладан од специјалните сили, а се обидел да го киднапира авионот и да го пренасочи токму кон стадионот во Сочи, каде што во тек беше свечената церемонија на отворање на ЗОИ?!

А на стадионот беа голем број светски лидери, и секако, првите луѓе на Русија, претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев.

Дали овој терористички акт беше изведен со таква цел?!

ukrainec-615x400Засега нема официјални информации за името на осомничениот Украинец, кој е совладан од претставник на турските специјални сили, кој успеал да влезе во авионот чиј лет бил од Харков кон Истанбул.

Овој 45-годишен Украинец се заканил дека ќе активира бомба, мислејќи дека на таков начин ќе го натера пилотот на авионот да го пренасочи авионот директно кон Сочи.

Сепак, пилотот успеал да информира за овој обид за киднапирање на авионот, по што турското воено воздухопловство испратило ловец F16, кој успеал да го спушти авионот во Истанбул, каде осомничениот Украинец е уапсен, а сите патници се безбедно евакуирани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1