Додека Македонија ја тресе аферата Шпион да се потсетиме дека во Февруари одекна веста за таен состанов во Грција на кој биле околу 53 лица – политичари, технократи, бизнисмени и претставници на невладини организации – а имало и Македонски преставник – за чие име не се дозна. Дали можеби се работи за некои од уапсените и осомничени во аферата „шпион“кои бил на состанокот и оддавал информации од Македонија?
Еве што во Февруари објави дописникот на НЕТ ПРЕС.
На таен состанок под силно обезбедување, во ексклузивен хотел во Солун, во организација на Рокефелер, присуствувал и претставник од Македонија, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.Програмата и улогата на учесниците на состанокот, на кој што свој говор одржал и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, засега останува мистерија, пишува порталот “Њузбомб”.
Иако не е потврдено, порталот пишува дека таму присуствувал и за македонската јавност добро познатиот Џорџ Сорос, чија фондација во Македонија е предводена од Владимир Милчин, поранешен член на СДСМ за кој неодамна комисијата за верификација на фактите утврди дека бил соработник на тајните служби во комунистичкиот режим.