Професорот и истражувач Андреас Милер малку подлабоко го проанализирал овој податок и утврдил дека вработените се бркаат од работа според висината на примањата, и истите подоцна можат многу потешко да најдат работа од пониско квалификуваните работници со помали плати.
Меѓу вработените, најверојатно први ќе бидат отпуштени оние со поголема плата за разлика од оние со исто искуство и образование но со помали примања.
Во друга студија Милер открива дека високо платените луѓе со високо IQ и со поголеми комуникациски способности, најверојатно меѓу првите ќе добијат отказ.
Па според оваа анализа квалитетните работници го сочинуваат поголемиот дел од невработените, а тоа е спротивно на она што до сега се мислеше.