Кој прв добива отказ за време на криза?


Иако можеби ви изгледа лудо, но први кои ќе добијат отказ за време на криза се оние најпаметните и највредните. Овој податок се спротивставува на заедничката идеја пониско квалификуваните и помалку квалитетните кадри да бидат први на листата за откази.

Професорот и истражувач Андреас Милер малку подлабоко го проанализирал овој податок и утврдил дека вработените се бркаат од работа според висината на примањата, и истите подоцна можат многу потешко да најдат работа од пониско квалификуваните работници со помали плати.

Меѓу вработените, најверојатно први ќе бидат отпуштени оние со поголема плата за разлика од оние со исто искуство и образование но со помали примања.

Во друга студија Милер открива дека високо платените луѓе со високо IQ и со поголеми комуникациски способности, најверојатно меѓу првите ќе добијат отказ.

Па според оваа анализа квалитетните работници го сочинуваат поголемиот дел од невработените, а тоа е спротивно на она што до сега се мислеше.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1