Која е разликата меѓу белите и жолтите јајца?


Се е до кокошката- Одговорот е толку едноставен што ќе се изненадите. Кокошките со бели перја, несат бели јајца, а црвено-кафените кокошки, несат жолти јајца. Но што се однесува на самото јајце и неговата хранливост, не постојат разлики- се е само до бојата.

KokosЖолтите јајца се поскапи

Многумина мислат дека жолтите јајца поради тоа се поскапи, но тоа не е случај. И за ова постои едноставен одговор-кокошките кои несат жолти јајца се покрупни од белите, така што јадат повеќе, односно чинат повеќе.

Има ли разлика во лушпата?

Освен во бојата, нема некоја голема разлика меѓу лушпите на жолтите и белите јајца. Според народните преданија, се смета дека лушпата на жолтите јајца е потврда, но тоа не е точно. Тврдината зависи од староста на кокошката. Што е помлада кокошката, тоа е потврдо јајцето.

Bijela-smedja-jajaПостои ли разлика во жолчките?

Повторно поради разните приказни, многумина сметаат дека жолтите јајца имаат пожолта жолчка од белите. Бојата и квалитетот на жолчката немаат врска со јајцето, туку со квалитетот на она со што се хранат. Ако кокошката се храни поздраво, толку и жолчката ќе биде пожолта. Ако кокошките се хранат со преработена храна, жолчката ќе биде повеќе портокалова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1