Вештачки сателит е без контрола – тон железо ќе падне на земјата, а не се знае каде


Сателит останал без гориво па се очекува во наредните неколку дена да падне на Земјата.

satelit-goce-1380142672-371637Сателит тежок еден тон, со кој управувала Европската вселенска агенција, останал без гориво, па се очекува во наредните неколку дена да падне на Земјата.

Единствен проблем е тоа што научниците не знаат каде на Земјата, овој сателит ќе се приземји.

Делови од сателитот се тешки и до 90 килограми, според проценката на научниците, и би можеле да стигнат до површината на земјата.

Според нив, поголема причина за страв нема.

-Шансите, делови од сателитот навистина да погодат некого се многу мали- тврдат научниците.

Според нивните зборови, тешко е да се предвиди кога точно и каде ќе падне сателитот, но според прелиминарните резултати, се очекува да влезе во Земјината орбита во недела, евентуално во понеделник наутро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1