Спроти Сити Мол во Карпош ќе никне нов деловен центар


Нов деловен центар ќе никне спроти Сити Мол во Карпош. Ќе биде составен од неколку станбени блокови, катна гаража, додека земјиштето пред приватната болница Филип Втори ќе биде продадено на инвеститор.

siti-mol-564x272Како што објави телевизијата телма, ова се дел од предлог измените на деталниот урбанистички план за Карпош 3.

Во тензична атмосфера мина седницата на Советот кога опозициските советници бараа градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги објасни нелогичностите и измените во новиот ДУП-от. Тиего обвинија  Јакимовски дека му се оддолжува на бизнис партнерот, додека јакимовски врати дека се додека има интерес од инвеститорите ќе излегува во пресрет за економскиот развој на општината.

Со новиот урабнистички план за Карпош 3 се предвидени нови пристапни улици, крај кои во иднина ќе се градат станбени згради во висина до триесет метри, јавува Телма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1