Жените се вечна инспирација на поетите и музичарите, а сепак малку се знае за „вистинските“ жени кои се кријат зад познатите стихови. Една од најпознатите балади на групата „Рибља чорба“ „Лутка са насловне стране“ е посветена на Мери Цакиќ, барем таа така тврдела.
– Таа 1978 година Бора зборуваше дека сум најубава девојка и дека сум вистинска кукла. Мислам дека имаше уште прекрасни жени, но за него јас бев таа – рекла Мери, белградска старлета од седумдесеттите години.
„Градот е суров, сешто ве сочекува, и алкохол и дрога, но јас се тргнав од сето тоа. Многу ѕверови демнеа во Белград, па така и настана стихот „ќе те изедат брзо велеградските ѕверови…“, додала Мери.
Неспорно убава, Мери била на бројни насловни страни на разни списанија, а во спотот за легендарната песна исто така и глумела.
Во својата автобиографија „Што поетот сакаш да каже“ Бора Ѓорѓевиќ пак објаснил која е „куклата од насловната страна“.
– Ниту еден одговор не е точен, а Мери посебно не беше кукла. Станува збор за повеќе личности споени во една и чии животни приказни се слични. Ќе кажам само толку дека една од нив во Италија снимаше „софт-кор“ филмови, додека во земјата претставувала како сериозна актерка; другата гола свиреше виолина на масата на која седеше весело друштво. Многу такви приказни, а многумина се и препознаа“, пишува Бора во својата автобиографија.