Кока Кола за блескаво чиста WC – школка!


Доколку никако не можете да им одолеете на газираните пијалоци како Кока Кола, можеби ќе се замислите за тоа кога ќе дознаете што тие прават во вашиот организам откако ќе се обидете токму со овој сок да отстраните бигор и нечистотија и тоа не било каде туку во вашата WC школка. Клучот лежи во фосфорната киселина која ја одработува „валканата работа“.

Отстранувањето на нечистотиите од WC школката веројатно е нешто што на никој од нас не му е омилена работа при чистењето на куќата. Сега штетните и тешки хемикалии кои се многу опасни дури и при вдишување се минато кога ја имаме Кока Кола, советуваат на порталот „Styleist Home“.

Потребно е многу време за вашете WC да заблеска, но сега постои и поедносавен начин да ја постигнете оваа цел и потребни се само три чекори.

Прво, истурете шише од половина литар Кока Кола во WC школката. Оставете да отстои 30 минути. Потоа, со четка за WC школка истријте ја површината, посебно местата каде нечистотиите се гледаат со голо око. Во завршницата, пуштете вода во вашата WC – школка и не треба да остане никаква нечистотија, тврдат од „Styleist Home“.

Како што стои на веб порталот, поентата била во фосфорната киселина која си ја завршува валканата работа. Ваквите газирани пијалоци добри се и за чистење на метални тави и садови.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1