,,Вака од ум – би требало да биде црвено- жолт коктел, па можеби би направил нешто со кавадаречка жолта, малку цеден гевгелиски лимун, битолски шеќер, валандовска калинка, росоманска праска и малку ликер со соодветните вкусови за да се финишира коктелот,,.
Вака познатиот македонски коктел мајстор Сашко Стојчевски кој беше креатор на ,,олимпискиот златен коктел,, за MKnews.MK го опиша коктелот МАКЕДОНИЈА, кој тој би го креирал во посебна прилика.
Веќе 15 години живее и работи во Лондон. Актуелен беше за време на Олимпијадата поради најпознатиот и најскапиот коктел за најуспешните кој токму тој го креираше. Златниот олимписки коктел добитниците на златен медал го добиваа бесплатно, а чинеше 2.012 фунти.
Сашко се дружеше со олимпијците како Рајан Лохте, пливачот од Јужна Африка, Чад Ле Клос кој успеа да го победи и Фелпс, хрватските спортисти и многу други, во клубот Chinawhite каде е менаџер. Посакува еден ден да отвори свој мал коктел Бар во Скопје.
1. Сашко вие сте бармен – може ли малку наназад, од кога, како, каде почнавте прв пат да подготвувате коктели. Кој е Сашко?
Уште како тинејџер подработував преку лето во скопските кафулиња. Од летна прерасна во постојана работа, работев во Скопје, а потоа заминав за Лондон. Таму сум веќе 15 години. Знаев понешто, но не многу. Во 2000 година се вработив во еден коктел бар во Сохо “The Player” каде што почнав да учам коктели и интензивно да експериментирам. Набрзо станав бар менаџер и ја направив мојата прва коктел листа во која освен класични коктели имаше и ми креации. Работев во многу елитни клубови, коктел барови и разни VIP nastani. Последните 3 години сум во Chinawhite.
2. Во западните земји барменството е професија за која има и посебни училишта – моравте да добиете некоја диплома за да ја работите оваа работа или доволна е умешноста
Не посетував, имаше училиште за бармени но тоа беше сосема базично. Се што научив беше преку работа. Постојано следев списанија, семинари, саеми, но пред се ја сакав работата. Во денешно време има многу добри школи кои можат да те насочат во вистинскиот правец.
3. Знае ли Сашко да ги врти шишињата како што гледаме бармени на тв 🙂
Знам неколку основни акробации, но сосема едноставни. Не ме привлекуваше “flair bartending”. За да направиш една пијачка или коктел како flair Barman ти требаат неколку минути, а за тоа време коктел бармен ќе направи 3 или 4. нема смисол луѓето да чекаат да добијат пијалок, а исто нема и финансиска смисла за барот. Убаво е некогаш да се запре со послужување на 1-2 минути за да се направи мало “show” каде сите зад барот ќе провртат некое шише. Ќе се напијат по еден “shot” при што ќе биде добра забава за гостите и ќе наздрават со бармените.
4. Како дојде соработката со овој бар? и лесно ли беше еден македонец да дојде до менаџерска позиција или пак се намачи
Chinawhite имаше потреба од бар менаџер и јас ја добив работата. Не беше битно од каде си туку што знаеш и колку можеш да допринесеш за бизнисот.
5. Како дојде до идејата за олимпискиот коктел?
Се финализираше соработката меѓу “the last lap” и Chinawhite. Знаевме дека ќе имаме многу спортисти и многу медалисти. Моја задача беше да сздадам нешто што ќе ја истакне Chinawhite, и ќе ја одалечи од другите клубови. И некако си дојде само по себе – спортисти, златен медал – златен коктел.
6. Ќе ни откриеш ли како го подготви што се има – и колку време ти е потребно да подготвиш еден коктел?
Коктелот има коцка кафеав шеќер потопена со angostura bitters, се додава “Hennessy paradis” и “Luxor brut 24 karat gold flaked champagne”, се додава запалена кора од портокал и се финишира со гламурозен детал – рачно изработено парче накит од познатиот лондонски златар Hirsh кое има сафир, рубун, емералд и дијамант.
7. Колку вакви коктели се испија на оваа олимпијада? и кој се се напи ( кој доби гага а кој си плати? :))
Се испија доста коктели, многу од нив беа дадени од клубот на добитниците на златен медал кои ја посетија Chinawhite.
8. Велат журките во клубот биле луди – некои од олимпијците и претерале со пиење – имавте некое непријатно искуство или не ?
Журките беа одлични, сите што беа се забавуваа максимално. Шампањите се трошеа многу. Секој сакаше да ја прослави својата победа. Не би рекол дека имав некое непријатно искуство, напротив се мина одлично.
9. Спортисти и алкохол велат не одат заедно – твоето искуство од олимпијадите на кои ти си бил? 🙂
Мора да ги разберете спортистите кои се на олимпијадата. Многу од нив во последните 4 години се на строги диети, со броени калории, ригорозни тренинзи и строга дисциплина. Кога конечно сиот тој труд ќе се закити со злато, сребро, бронза, разбирливо е дека ќе прославиш лудо и незаборавно.
10. Дали можеби сте направиле коктел Македонија?
Сеуште не, меѓутоа за вистинска прилика би го направил 🙂
вака од ум – би требало да биде црвено- жолт коктел, па можеби би направил нешто со кавадаречка жолта, малку цеден гевгелиски лимун, битолски шеќер, валандовска калинка, росоманска праска и малку ликер со соодветните вкусови за да се финишира коктелот.
13. Дали ги дегустираш своите коктели – експериментираш ли со нови коктели често?
Секако дека ги дегустирам. Треба да пробаш дали е доволно јак, благ, кисел… а со нови коктели експериментирам секојдневно.
Се слушува некој да дојде до барот и да побара коктел мени. Ќе разгледа и не е сигурен што да порача. Тогаш ги прашувам отприлика кој вкус ( овошен или не, јаболко, малини, капини, банани, босилек и што ли уште не) би го сакале и кој алкохол. ( вотка, џин, рум, …) откако ќе ги добијам тие информации ќе направам нешто што не е на менито. И до сега не ми се случило на некој да не му се допадне тоа што го добил.
14. Дали дома подготвуваш коктели за гости пријатели или за сопругата?
да но не толку често 😉 Сакам понекогаш и мене да ми направат пијачка.
15. Кои се плановите на Сашко – дали можеби свој сопствен бар?
отсекогаш сум сакал да отворам свој мал бар во Скопје. Можеби некогаш 😉