Зомби го нападнаа Санкт Петерсбург (Фото/ Видео)


Неколку стотици зомби го окупираа паркот во Санкт Петерсбург, парадирајќи и извикувајќи Месо, Месо Месо!!!. Парадата подоцна беше прекината од страна на полицијата.

Со бели и зелени ,,фаци,, голем број на тинејџери, облиени со лажна крв го исценираа филмскиот римејк од „Зона на мртвите“.
Бидејќи организаторите претходно не ја пријавија ваквата парада, полицијата им дозволи на младите да се двжат околу еден час, а потоа истата ја прекинаа.

Преку официјалната социјална мрежа „Vkontakte“, било посочено јасно предупредување до учесниците, за избегнување на каква било провокација кон спроведувачите на законот.
„Живите мртовци се одговорни за сопствените дејства. Не смеат да ги касаат другите граѓани, а не смеат ниту да им го уништуваат имотот“, пишува во соопштението.

Ова е четврта зомби парада во Санкт Петерсбург, која која го добива приматот за традиционално културно наследство во Русија. Слична акција беше планирана во август, но истата беше забранета. Во сибирскиот град Омск полицијата ја растера групата по наредба од локалните власти, кои пак беа предупредени од Руската Православна Црква.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1