Колач ЗИМНИЦА – не е шега ова е рецепт за колач во тегла – трае 6 месеци


Дека жената е чудо и постојано има нови и нови интересни идеи се уверивме и во рецептот на оваа македонска објавен на наш сајт за кулинарски рецепти moirecepti.mk.

Самиот наслов не повлече па еве одлучивме да го споделиме и ние. Идејата да се има подготвен домашен колач во секое време е навистина нешто што на многу домаќински ќе им се види како одлична идеја. Кога и да ви дојдат неканети гости нема да ве начекаат неподготвени доколку си имате колач ЗИМНИЦА.

Бон апетит – сега или за 6 месец, кога и да ви се пријаде КОЛАЧ ЗИМНИЦА.

Еве што за овој колач вели авторот на рецептот.

Мојата пријателка Тајана вели дека вака вредните баварски домаќинки го спремале секое бисквитно тесто и секогаш кога биле временски ограничени за десерт не мислеле – едноставно ке отворат теглата и десертот е принесен на маса.

Гледав и се чудев, но ми дојде идејата дека не само да биде колач за изненадни гости, не само да се испрати која тегла на студентот да си понесе, не само да се чува како колач-зимница, туку мене ме воодушеви што може да биде и колач – пригоден подарок за најблиските особено за празниците кога се подарува.

Убаво спакувана тегла со колач – големи изненадување и со радост прифатен подарок. Колачот испечен во тегла и затворен додека е топол, стои до 6 месеци и со право си го носи името КОЛАЧ ЗИМНИЦА.

Состојки

400 гр. брашно

250 гр. путер или маргарин

250 гр. шеќер

125 мл. млеко

1 ванила

1 пециво

4 јајца

2 лажици какао

8 мали тегли

ПОДГОТОВКА

1. Извадете од шеќерот 5 лажици и ставете го настрана. Останатиот шеќер и ванилата со путерот пенесто изматете ги, додајте го млекото и 4 жолчки. Матете уште кратко време по што ќе го додадете и брашното во кое сте го измешале пецивото.

2. Белките изматете ги во цврст снег со 5 лажици шеќер, и овој снег додајте го во смесата од жолчките. Соединети ги овие две смеси со лажица или со миксерот кој ќе го вклучите на најмалата брзина.

3. Одвојте 1/3 од смесата во која ќе додадете 2 лажици какао измешано со 4 лажици млеко.

4. Теглите намастете ги со путер или маргарин и посипете ги со лебни трошки, па наизменично додавајте од жолтото – 2 лажици и 1 лажица од кафеното тесто или едноставно ставете прво од жолтата смеса, врз неа од кафената и со вилушка ишарајте – правете мраморен колач.

Теглите полнети ги во висина од 3/4 – повеќе не полнете ги за да не ви претече од смесата не ги прополните теглите да не истечат.

5. Печете на температура од 180 степени околу 50 мин.Проверете со чепкалка дали е печено. Веднаш по вадењето од рерната затворете со капачките и може да се одложи и да си го чекаат своето време.

НАПОМЕНА
За да може колачот да се извади најбитни се теглите. Потребно е да тие бидат со еднаква ширина, да не се стеснуваат кај отворот.
Не размислувајте околу тоа дека теглата може да пукне. Ако таа е добро избришана да не е влажна од водата, нема да се случи да ви пукне, па нели стакло е и на поголема температура се излива за да дојде до конечниот производ.

Јас почесто го правам и тоа не само овој колач по напишаниот рецепт  и овошен колач до крај испечен, не ми се случило до сега да ми пукне тегла. Проблем ми е што поретко веќе можам да најдам такви тегли, како да ги снема од трговијата.

извор: moirecepti.mk

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1