Колега јас сум пијан вози ти – а копилотот дрво пијан


Во хеликоптерската несреќа што во околината на Москва се случи во декември, а во која загинаа тројцата патници, еден од загинатите бил 35- годишниот руски претприемач Федор Царев, кого полицијата го барала за повеќе кривични дела, како што е корупција, уништување шума, илегално рударство и други.

helikopterКога полицијата дошла да го уапси, Царев побегнал со хеликоптерот, што, ќе се покаже во истрагата, не му било прв пат, бидејќи неговите соседи изјавиле дека тој и претходно знаел да се спушти со хеликоптерот во јавните паркови и игралишта полни со деца.

Шест месеци по несреќата, откриени се нови причини за падот на хеликоптерот, а gawker.com пренесува дека најверојатно станувало збор за алкохол, но не од страна на Федор.

Имено, во моемнтот на несреќата тој имал високо ниво на алкохол во крвата и седел на предното лево седиште, десно од пилотското седиште, Претпоставка е дека со хеликоптерот управувал еден од неговите сопатници, кој бил попијан од него.

Покрај сето тоа, Царев имал и фалсификувана дозвола за летање со хеликоптер. сд/18:31

###
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1