Учи учи глава бучи – се за образование сега на посебен дел на GRID.MK


На агрегаторот на вести GRID.MK почнувајќи од  ден 01.06.2013 започна со функционирање GRID.MK образование (http://grid.mk/edu).

gridДелот е наменет за сите вклучени во образовниот сектор: идни и сегашни ученици и студенти, наставен кадар  и сите заинтересирани читатели. Ги прикажуваме вестите поврзани со образованието, преземени од македонските веб сајтови. Застапени се сите универзитети, факултети, студиски програми и конкурси за упис (http://grid.mk/universities). Од повеќе сајтови ги преземаме конкурсите за стипендии, обуки, студентски пракси и волонтерски партиципации (http://grid.mk/listings). Освен ова може да се најдат информации и за студентските домови (http://grid.mk/dorms), библиотеките (http://grid.mk/libraries), студентските организации (http://grid.mk/organizations) и студентските попуст (http://grid.mk/discounts).

GRID.MK образование ќе се стреми да биде во дослух со сите новитети од областа на образованието, следејќи ги активно сите случувања, настани  и конкурси со цел да се обединат сите информации од образовен карактер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1