Kолење јагниња и набивање на колец во сликовница (Фото)


Сликовницата за деца наречена „Бенко и Зенко“, во која до последен детаљ се опишува колењето на јагнињата и набивањето на кол, ја шокираше јавноста во БиХ кога се појавила на трафиките.

slikovnica3Во сликовницата можат да се прочитаат застрашувачки цитати, кои не се за деца.

slikovnica„Сите ваши постари браќа и сестри, газдата ги продаде пред мај и сите се заклани и ставени на жар. Откако ќе ве изедат, ќе ви ги однесат коските на кучињата да ги излижат“, е еден од цитатите на споменатата сликовница.

Во сликовницата може да се прочита и „Не можам Риле, ова не можам да го заколам. Цело време ме гледа.

Има сјајни очи исти како мојот покоен син, кој го згази автомобил додека се враќаше од школо“.

slikovnica2Ваквите цитати предизвикаа голем број на критики и сите се прашуваа дали е во ред децата да читаат за приказните за колењето на јагнињата наместо Бранко Чопиќ и неговите прекрасни детски приказни со кои пораснаа голем број на генерации.

Авторот на сликовницата Бајрузин Хајро Плањач, одговори на критиките со тоа што рече дека се работи за повредени суети на автори и писатели и дека квалитетите на неговата сликовница најдобро се одразуваат преку податокот што истата е исштампана во преку 60,000 примероци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1