Колеж на пазар – 10 годишно девојче разнесено во воздух, 20 мртви


Најмалку 20 луѓе денес се убиени и 18 повредени кога 10-годишно девојче успеало да помине преку контролата и да влезе во преполн пазар, за потоа да го разнесе пазарот во воздух, престолнината на нигериската држава Борно, соопштил Црвениот крст и припадниците на исламистичката бунтовничка група.

nigerija eksplozija

Припадник на самоорганизираната Исламистичка бунтовничка група Ашири Мустафа потврдил дека силна екслозија го потресла локалниот пазар Мандеј Маркет околу 12: 40 часот по локално време додека бил преполн со трговци и купувачи.

Според неговите зборови, бомбата е активирана кога девојче- бомбаш самоубиец успеало да ја помине контролата и да влезе на пазарот.

Девојчето имало 10 години и се верува дека воопшто не знаело што има околу своето тело. Всушност, таа не ни била претресена на влезот во пазарот. Но, за жал експлозијата се случила пред да биде откриено што носи таа на себе.

За сега никој не ја преземал одговорноста за нападот, но екстремистите на Боко Харам се почесто ги користат жените и децата за своите цели.

А денес припадници на нигериската исламистичка група Боко Харам го извршија најкрваиот масакр во нејзината историја, срамнувајќи со земја еден град во Нигерија и убивајќи околу 2.000 лица, соопшти денеска организиацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешанл“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1