Колку и зошто се штетни црните пломби


Амалгамските пломби содржат околу 50 отсто жива, која е поотровна и од оловото и арсенот и може да се таложи во повеќе органи и да создава здравствени проблеми – главното прашање е што се случува со живата и нејзините соединенија во организмот нa подолг, односно траен период, пишува Утрински.

Штетните ефекти на црните пломби

Штетното дејство на живата го погодува речиси целиот организам. Доаѓа до нарушување на работата на срцето, настануваат невролошки нарушувања (мигрена, депресија, мускулни грчеви, несоница), слабокрвност, замореност, генетски болести. Живата е откриена во крвните зрнца на дете чија мајка во устата имала амалгамски пломби. Значи, живата минува низ плацентата, па дејството на живата посебно е опасно за трудниците.

zlatni plombi zabarИнтересно е дека мултиплекс склероза се појавила во исто време кога и амалгамските пломби. Мошне често доаѓа и до опаѓање на косата. По отстранување на овие пломби, косата почнува повторно да расте. Знаците на труење се појавуваат неколку години по ставање на пломбите. Симптомите се многу прикриени и подмолни, а тоа е една од причините поради што тешко се открива. Овие пломби, меѓу другото, имаат штетно влијание и на очите, бубрезите и зглобовите.

Амагламската пломба во контакт со плунката создава галванска микроструја којашто има штетно влијание на организмот. Црните пломби не можат да постигнат точкест контакт, туку површински и штетно влијаат на забите и зглобовите на вилиците. Сребрените пломби се и естетски сосема инфериорни.

Што содржат амалгамските пломби

Живата е многу отровна, дури поотровна е и од оловото и арсенот. Амалгамските пломби содржат околу 50 отсто жива. Според тврдењата на поддржувачите на овие пломби, оваа жива е врзана и не може да се ослободува. Меѓутоа многубројни истражувања покажуваат дека многу брзо по вградување на амалгамските пломби, живата може да се докаже во крвта на човекот. Според тоа, процентот на живата во пломбата е 50, а кога се испитува процентот на овој елемент во старите пломби, тој е помал. Се поставува прашањето каде „побегнала“ живата од пломбата? Повеќе од очигледно е дека доаѓа до ослободување на живата од пломбата.

Црната пломба содржи метали како што се сребро, бакар, алуминиум, цинк и жива, кои заедно формираат легура. Живините пареи од амалгамсните пломби постојано се ослободуваат во тек на 24 часа дневно. Дури и при обичното жвакање на амалгамот на забите, количините на живните пареи во усната шуплина се зголемува за 6 пати. Тоа е голема и опасна концентрација и да нема забуна и живините пареи содржат жива.

Еден ден може и ќе се заклучи, но сега се знае дека 90 отсто од овие пареи многу добро се апсорбираат најголемиот дел на белите дробови. Во рок од 10 минути, 30 отсто од оваа белодробна жива завршува во крвта и другите оддалечени органи. Со циркулацијата се таложи во мозокот, што е многу опасно. Тука ќе остане со години. Покрај тоа петте метали присутни во амалгамот, доаѓаат во интеракција и создаваат 16 различни корозивни соединенија. И тие се сместуваат на различни локации.

Може да се рече дека живата од амалгамските пломби ја нагризува срцевината на имунолошкиот систем. Ништо чудно ако се посетиме дека живата по отровноста е прва по плутониумот. А имунолошкиот систем содржи многу важни Т-лимфоцити и Б-клетки. Од многубројните подвидови Т-лимфоцити, најважни се оние со ознака Т4. Ги викаат „помагачи“, а задачата им е идентификација на се што го загрозува опстанокот, меѓу другото клетките на ракот. Б-клетките се убијците кои ги уништуваат сите туѓи тела.

plombe-300x183Поврзаноста на амалгамот и количината на Т-лимфоцитите е докажана. Во рамките на Калифорнискниот институт се испитани одбрамбените сили на едно момче со 6 амалгамски пломби. Дури 47 отсто од сите негови лимфоцити ги сочинувале Т-лимфоцитите. Откако му биле отстранети амалгамските пломби, Т-лимфоцитите се покачиле на зачудувачки 73 отсто (раст од преку 50 отсто). Очигледно дека живата во устата е сериозно жариште, далеку посериозно од она што може да се претпостави. Еден истражувач од Колорадо Хал Хугис, напишал книга во која се вели дека Т- лимфоцитите по отстранување на амалгамот достигнуваат зачудувачки 100 до 300 отсто. Тоа може да значи дека живините пломби учествуваат во појава или влошување на алергијата, мултиплекс склероза, па дури и леукемија.

Леукоцитите кај болни од леукемија не ретко се нормализираат по внимателно отстранување на амалгамските пломби. Трудниците се посебно загрозени. Живата од амалгамот на пломбата на трудницата брзо ќе премине на фетусот. Конкретно три дена по вградување на амалгамот живата се појавува во крвта на фетусот и амнио течноста. По 15 дена отровот е присутен насекаде во плацентата, црниот дроб, бубрезите… Дури и во мозокот. Концентрацијата на живата зависи од бројот на амалгамски пломби на мајката. Многу новороденчиња се затрујуваат од мајката.

Во мајчиното млеко има 8 пати повеќе жива од мајчината крв. Чистењето на женското тело се одвива на начин на кој најмалку се посакува. Инцидентот во Ирак во кој мајките биле изложени на метилна жива во загадената храна, ја покажа целата сериозност на проблемот. Децата на несреќните мајки имале сериозни мозочни проблеми, задоцнет ментален, моторичен и говорен развој, како и претерани рефлекси.

Повеќе информации на – Утрински 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1