Колку ќе ви го испразни џебот Бадник и Божиќ – еве сметка


Трпезата за Бадник и Божиќ годинава ќе ја чини едно просечно македонско семејство околу 70 евра, што е околу третина од просечната плата во Македонија.

trpeza1. Бадниковата вечер

-За оваа вечер најмногу пари ќе морате да одовите за печење на риба, нешто без кое што не може да се замисли трпезата за празниците.

Рибата ќе ви го олесни џебот за околу 15 до 20 евра. Толку отприлика ќе мора да одовите и за пијалоците. За Бадник обично не се пие премногу, па можете да се закрпите со литар вино и две до три литри сок.

Може да се испие и по чашка ракија, но не треба да се претерува. Лепчето со паричка отприлика ќе ве чини едно евро, а гравчето 3 евра.

За салатите ќе потрошите околу 2 до 3 евра исто колку што и за останатите благи работи.

2. Божиќ

prase peceno

-За божиќ исто како и за Бадниковата вечер, се служат сите видови на алкохол, но обично и повеќе се испива. Така тешко дека ќе помиенте без литар ракија, две литри вино и едно до три литра пиво. Низ тоа обично иде и едно до пет литри различни газирани и природни сокови.

За прасе од 2,5 килограми би потрошиле од 15 до 20 евра. За погача ќе одвоите околу 1 евро. Една од популарните салати кои што се ставаат на трпезата е руската за чии елементи за да ја направите ќе одвоите околу 2 до 3 евра.

За Божиќ обично се поставува разни видови на ситни колачи за кои обично за вакви пригодби би требало да одвоите околу 7 евра. Пожелно е да имате и разни видови на ситни пецива, како што се кифлички кои дополнително би ве чинеле околу 4 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1