Како и на секои протести и на овој слушаме сосема различни бројки од двете страни. Претерани нормално и од едните и до другите.
Според едни на протестот имало 18 000 луѓе а според другите дури 100 000. Еве што велат различни извори
СДСМ кој беше еден од организаторите на денешниот граѓански протест објави снимка од дрон со следниот наслов: „историски протест – над 100.000 граѓани побараа оставка од Груевски“.
Српски „Телеграф“ објави дека на протестите излегле едвај 18.000 поддржувачи на опозицијата, додека Радио Телевизија Војводина објави дека во Скопје марширале околу 10.000 лица.
Државната телевизија на Словенија, извести дека во Скопје на антивладиниот протест се собрале околу 100 000 граѓани кои во Скопје дошле од сите краеви на земјата.
Според телевизијата РТ која објави и сопствени снимки од протестот снимени со дрон на протестот имало околу 20 000 луѓе
Russia Today со дрон го снимила денешниот протест во Скопје – еве ја нивната проценка за бројка
Еден од најпрестижните и највлијателни светски весници, британски „Гардијан“ објави дека на денешните антивладини протести во Скопје учествувале 20.000 демонстранти. Ваквата информација најпрво ја објави една од наујугледните светски новински агенции „Франс Прес“ која јави дека на протестот пред Владата присуствувале околу 20.000 лица.