КОЛКУ ВЕ ЧИНИ ГРЕЕЊЕ НА СТРУЈА И ПАРНО – КАЛКУРАТОР ЗА ДА СИ ПРЕСМЕТАТЕ КОЛКАВИ ЌЕ ВИ СЕ СМЕТКИТЕ


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) изработи калкулатор со кој граѓаните ќе можат да ги пресметуваат трошоците за потрошувачката на електрична и топлинска енергија.

kalkurator strujaПотрошувачите ќе можат со едноставно внесување на неколку параметри да пресметаат колкави би биле нивните трошоци за електрична енергија, односно колку би плаќале за услугите на топлификацискиот систем во Скопје за загревање на иста грејна површина.

Кај електричната енергија, при пресметката на трошокот, се внесува износот на потрошени киловатчасови што може да се види на задната страна од месечните фактури за електрична енергија, а за да се добие подобра претстава за потрошените киловатчасови за загревање, препорачливо е да се одбијат просечните месечни од летниот период.

За пресметка на трошокот за топлинска енергија единствено е потребно да се внесе грејната површина на станот, со што се добива просечниот месечен трошок за греење со овој вид енергија. Во делот на топлинската енергија има опција потрошувачите да пресметаат и колкав е просечниот трошок доколку се исклучени од топлификациониот систем, што е значаен податок кога ќе ја прават севкупната споредба на трошоците.

 Калкулаторот е поставен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1