Колку вреди македонската фудбалска репрезентација


Интернет сајтот „Transfermarkt.co.uk,, направи листа на најскапи европски фудбалски репрезентации. Македонија се наоѓа на 33-то место и е проценета на 32,35 милиони евра, пренесува „Макфакс,,

Најмногу вреди Горан Пандев, проценет е на 11 милиони евра. Потоа Горан Попов, кој сега е во Вест Бромвич Албион, вреди 4 милиони евра. Иван Тричковски вреди 1,2 милиони евра.

Над еден милион вредат Даниел Мојсов, Николче Новевски, Александар Лазевски и Ванчо Шиков, Стевица Ристиќ, Дарко Тасевски.

Најскапа репрезентација во групата во која е и Македонија е Белгија, чија вредност на фудбалерите изнесува 285 милиони евра со што е осма во светот.

Хрватска е на 10 со 171 милиони евра, Следуваат Србија (12-то место, вредност 142 милиони евра), Велс (17-то место, вредност 96,5 милиони евра) и Шкотска 20-то место, вредност 80,5 милиони евра).

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1