Научници тврдат дека органската храна не е поздрава од конвенционалната


Научниците од Универзитетот Стандфорд велат дека со консумирање на органска храна може да ја намалиме изложеноста на пестициди но не и да бидеме поздрави.

Тие истражувале во повеќе од 200 студии за предноста која ја има органската, воедно и неорганската храна, врз здравјето на луѓето. Генерално земено во смисла околу хранливоста нема разлика, а единствената разлика е тоа што кај органската храна има 30 отсто помала можност да се најдат пестициди.

Критичарите велат дека ова истражување се уште не е завршено и сметаат дека се потребни дополнителни студии. За целите на истражувањето било потребно да се искористат 17 студии во кои се наведуваат разликите помеѓу луѓето кои консумираат органска храна и оние кои не ја консумираат и 223 студии во кои се споредува нивото на хранливи материи, бактерии, габи и пестициди во различни видови храна – вклучувајќи го овошјето, зеленчукот, житариците, месото, млекото и јајцата.

Ниту едно од истражувањата кое се однесува на луѓето не траело подолго од две години, па сосема е невозможно да се донесат заклучоци од долгорочен аспект.

Овошјето и зеленчукот содржат слични количини на витамини, а млекото идентична количина на протеини и маснотии, иако според некои други истражувања органското млеко содржи повеќе Омега 3 масни киселини.

Органската храна не содржи повеќе нитроген но истражувачите велат дека тоа најверојатно е поради разликата во ѓубривото и зрелоста при жетвата и веројатно нема некои посебни поволности врз здравјето.

Резултатите од ова истражување се спротивставуваат со наодите на британската Агенција за стандардите на храната која побарала истражување пред неколку години во врска со квалитетот на органската храна.

Органската храна се произведува по стандарди според кои таа треба да се произведува на што е можно поприроден начин, користејќи методи кои ја заштитуваат човековата средина и не ги загрозуваат животните. Во текот на производството воопшто не се користат хемикалии, а поголем број пестициди се забранети или строго контролирани.

Професорот Алан Дангур од Лондонскиот Универзитет за хигиена и тропска медицина, автор на истражувањето, вели дека потрошувачите од различни причини ја одбираат органската храна.

– Меѓутоа ова истражување покажува дека нема убедлива разлика меѓу органската и конвенционалната храна во содржината на хранливите материи или во влијанието врз здравјето. Ова би требало да послужи како добра информација за потрошувачите, изјавува тој.

Доктор Кристал Смит Спанглер исто така еден од авторите на истражувањето смета дека има голем број причини зошто луѓето одбираат да јадат органска храна, вклучувајќи ја грижата за доброто на животните и околината.

– Некои веруваат дека органската храна е поздрава и похранлива. Бевме по малку изненадени кога увидовме дека тоа не е така. Не постои голема разлика помеѓу органската и конвенционалната храна, ако сте возрасна личност и донесувата одлука за храна исклучиво врз основа на ефектот врз здравјето, рекол тој.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1