Гласачите на Колорадо и Вашингтон гласаа ,,за,, на референдумот за легализација на марихуаната за рекреативна употреба. Оваа дрога се уште е нелегална според федералниот закон.
Сите над 21 година во Колорадо сега може да поседуваат мали количини марихуана или да ја продаваат.
Гувернерот на Колорадо John Hickenlooper изјавил дека тоа е волја на гласачите и мора да се почитува.
Амандманот 64 ја легализира марихуаната, а слична мерка е изгласана и во Washington State. Сепак двете држави велат ќе мине време додека да се донесат закони со кои ќе се уреди оваа материја. Не брзајте референдумот не е крај, им порачаа на граѓаните.
Во 2005 врховниот суд ја укина одредбата на Калифорнија која ја легализираше медицинската марихуана. А во Орегон не пројде овој референдум. Во Масачусетс пак се изгласа дозвола за употреба на марихуана во медицински цели со што им се продружи на 17 други држави кои го дозволија истото.
Меин пак стана првата држава која дозволи брак на хомосексуалците истото го стори и Мериленд. Минесота не го дозволи но пак остава простор тоа да го стори во наредните години.