Колумбиски доктор обвинет за лажирање на смртта на 3 нарко-босови


Доктор од Колумбија им помогнал на тројца нарко-босови да не бидат уапсени со тоа што ја лажирал нивната смрт.

Колумбиската полиција објави дека го уапсила докторот, Аугусто Гаљего, кој издал лажни документи за смртта на нарко – дилерот Камило Торес Мартинез, истото го направил уште за други двајца “босови“.

Откако бил уапсен Торес, попознат како Фританга, минатото лето на Карибите, полицијата се зачудила како може да е пријавен како мртов.  Властите оттука ја започнале истрагата, и откриле дека истиот доктор им направил лажни документи на нарко-дилерите Хозе Алберто и Карлос Алберто Педраита Забата. Двајцата работеле за  екс – лидерот на United Self-Defense Forces of Colombia, Карлос Хименес Наранхо, алијас Макако, кој скоро беше екстрадиран во Колумбија.

Докторот кој работи во болница и има аптека во Кундинамарка, тврди дека е невин и дека целиот процес му е наместен.

Tags: , , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1