Комарците се новите биотерористи (Видео)


Научниците сметаат дека во иднина комарците би можеле да предизвикаат болести кои што ќе се шират релативно лесно, поради тоа што природната одбрана не може да им застане на патот на овие микроскопски организми.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека комарците имаат изненадувачки софистициран имунолошки систем. За разлика од луѓето и повеќето други животни, комарците не произведуваат антитела, кои се идентификуваат и ги напаѓаат специфичните инфективни агенси. Сепак тие имаат развиено алтернативни методи за уништување на разни патогени, вклучувајќи и паразити кои предизвикуваат маларија.
Во најновата студија на имунолошкиот систем на комарецот – објавен во месец ноември од страна на „journalPLOS Pathogens“ – биолозите откриле комарци кои поседуваат непознат механизам за уништување на различни патогени, кои е дел од карактеристиките на циркулаторниот систем на инсектот, со цел да ја зголеми неговата ефективност.
„Ова може да дојде како изненадување за голем број на луѓе, но комарците можат да се разболат и мораат да се заштитат самите себе си“, изјавил Џулиан Хилиер, асистент професор по биолошки науки, кој спровел истражување заедно со Џонас Кинг, дипомиран студент.
„Имунолошкиот систем на комарецот не е толку сложен како нашиот. Од 12,500 гени 350 имаат имунолошки функции. Неверојатно е колку се ефективни.

Огромното мнозинство на паразити на маларија кои можат да заразат еден комарец, умираат уште пред да влезат во плунковните жлезди, каде што можат да го инфектираат рбетниот плен, нешто слично како и кај луѓето. Патогеите како оние кои предизвикуваат маларија, доаѓаат од женски крвен оброк и завршуваат во стомакот на комарецот. Од таму се пренесуваат до плунковните жлезди“, вели Хилиер.
Во внтарешноста на телесната празнна, патогените се соочени со две сили, брзата циркулација на крвта на комарецот, и нападите од имуниот систем на комарецот.
Циркулаторниот систем на комарецот е драстично различен од оној на цицачите и човекот. Комарецот нема аретерии и вени, наместо тоа крвта тече од срцето во абдоминалната шуплина и на крајот повторно се враќа во срцето. Патогените мора да поминат низ еден од срцевите залистоци.

Клетките „hemocytes“ се важен елемент во одбранбениот систем на комарецот. Овие специјални имунолошки клетки играат улога слична на белите крвни клетки кај луѓето. Тие циркулираат низ телото и ги напаѓаат надворешните странски клетки и вируси.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1