Библиската поплава постоела – познат научник најде докази (Видео)


Роберт Балард еден од најпознатите подводни истражувачи, се насочи кон откривање и докажување на постоењето на една од најпознатите приказни на Библијата.

Истражувачот кој го најде трупот на Титаник сега тврди дека постојат непобитни докази дека библиската поплава навистина се случила и не е измислен настан. Во интервју за ABC археологот  дискутира за неговите откритија од потрагата во Турција и доказите за цивилизацијата која била потопена од монструозните антички поплави.
Многумина тврдат дека откриле докази за постоењето на Ноевата арка, огромниот брод на Ное, кој бил превозник на секој вид на суштество од различен пол на планетата земја.

Во 1990 година геолозите Вилијам Рајан и Волтер Питман собраа релевантни докази за поплавата и за арката во регионот на Бликиот Исток, за која се смета дека се случила пред 7500 години.
Според Гардијан, зголемувањето на нивото на Средоземното Море, предизвикало создавање на процеп, кој сега е познат како каналот Босфор, и преку него се излило огромно количество на вода која го поместила брегот на Црното Море.

Според извештаите на National Geographic првите откриени докази за потопеното античко крајбрежје биле откриени во 1999 година и се гледа јасна крајбрежна линија која е многу повисоко од нивото на морето денеска.

Билард се уште не е убеден дека всушност тоа претставува библиската поплава, а минатата година неговиот тим поточно, една членка од истиот, открила весло за кое се претпоставува дека био дел од големата арка на Ное. Белард во своите истражувања користи напредна роботска технологија, која би му помогнала во процесот да се врати назад во минатото пред 12,000 години, кога Земјата, поточно голема површина од нејзе била покриена со мраз. Кога тој мраз почнал да се топи, се појавиле масивни поплави во големи региони, кои што потопиле се и сешто на оваа планета.

Сонувал дека се поплавува Холандија – ја изградил Ноевата арка (Видео/Фото)
Извештај за атомска војна уште во древна Индија?

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1