Комисијата препорача одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на седница


Со пет гласа “ЗА”, деветчлената собраниска Комисија за мандатно-имунитетни прашања одлучи да му предложи на Парламетот да му го одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски.

Поради што смета дека е недостоен за пратеничката функција, откако правосилно беше осуден на две години затворска казна во случајот “ТЕНК” на СЈО. Ова значи дека на следната седница Собранието ќе треба одлучува за мандатот на Груевски, но за тоа е потребна одлука со дво-третинско мнозиноство. Од ВМРО – ДПМНЕ, како и во претходните денови така и денеска се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на експремиерот. Ставот го потврди пратеникот Трајко Велјановски кој рече дека станува збор за политички мотивиран процес.

По говорот на Велјаноски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Комисијата. Александар Кирацовски од СДСМ ги демантираше наводите на Велјаноски за политички прогон и за притисоци врз судството.

По заминувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, во салата влегоа пратениците од независната пратеничка група кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ по гласањето за почеток на уставните измени. Пратеникот Сашо Василевски, кој не е член на Комисијата се обрати во име на пратеничката група и рече дека расправата е избрзана, и дека пратеничка група ќе гласа против одземање на мандатот на Груевски.

Одземање на мандатот нема никакво влијание врз правосилноста на пресудата со која Груесвки е осуден на две години затворска казна.

Според упатниот акт, тој треба утре да се пријави во затворот во Шутка на издржување на затворската казна. Но ова е неизвесно со оглед дека се уште трае жалбената постапка. Конечниот збор ќе го има Кривичниот совет во скоспка единица кој ќе треба да одлучува дали ќе го одложи почетокот на отслужувањето на казната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1