Комити, партизани и антички воини ќе ги едуцираат туристите во Скопје


Од јуни па се до ноември на плоштадот  „Македонија“ и „Карпошово востание“ ќе се постави т.н „Туристичката стража“ , проект кој за прват се реализираше лани во организација на  Бирото за туризам и информации на Град Скопј, во соработка со ДКЦ „Карпош“.

voin-450x272Оттука, со идеја за повпечатлива и поверодостојна туристичка презентација на културно-историските споменици,  осум млади учесници во проектот завршија обука во Бирото и се стекнаа со соодветни знаења за карактеристиките, историјата и значењето на објектите од богатата историја на Скопје. Тие своето знаење ќе им го пренесуваат на заинтересираните туристи.

Презентерите ќе бидат облечени во македонска национална облека, карактеристична за одредени временски периоди (македонска античка, македонска средновековна комитска или партизанска).

„Туристичката стража“ ќе патролира секој ден од 11 до 13 часот.

Фактор

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1