Ако повремено на децата кога имаат температура им давате андол, повеќе не го правете тоа.
Примената на ацетилсалицилна киселини (андол или аспирин) не се препорачува за намалување на температурата кај децата.
Ако болеста е предизвикана со вирус, тогаш под влијание на андолот може да се случи дополнително акутно оштетување на мозокот, црниот дроб, бубрезите и другите органи – таканаречен Рејев синдром. Тоа е состојба која ги засега сите органи на телото,но најмногу црниот дроб и мозокот. Скоро секогаш е поврзан со претходна вирусна инфекција како грип, настинка или сипаница. Овој синдром не е заразен и често пати погрешно е дијагностициран како енцефалитис, менингитис, дијабетес, предозирање со лекови, труење, ненадејна смрт кај доенчињата.
Парацетамолот е лек број еден за намалување на температурата и лекување на болките кај децата. Андолот може да ја оштети и слузницата на желудникот.
365.com.mk