Конечно: Иницијатива да се ослободи од царина купувањето преку Интернет до 150 евра


Граѓаните да можат да нарачуваат преку Интернет производи од странство во вредност до 150 евра без да платат царина. Ова е иницијативата на Агенцијата за пошти со која од Министерството за финансии се бара да се зголеми актуелната вредносна граница за пратки што подлежат на царина.

1012-debitcard_full_600Имено, во моментов кај нас царина не се плаќа за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци. За производи купени преку Интернет во вредност до 22 евра не се плаќаат ниту царина ниту ДДВ, а за производи од 22 до 45 евра нарачателот треба да плати 18 отсто ДДВ. Основната придобивка од реализацијата на ваквата иницијатива би била зголемување на обемот на купување преку Интернет, што е светски тренд.

Според појаснувањата од Агенцијата за пошти, за да стапат во сила ваквите измени не треба да се носат големи измени во законските решенија, туку ќе биде доволно да се направи корекција во уредбата што ја носи Владата по предлог на Министерството за финансии, а со која се опфатени ваквите набавки.

– Тоа што во царинската основица при увозот на пратки влегуваат и транспортните трошоци покажува дека конкретното решение е пречка за развој и на поштенскиот пазар и сериозна пречка граѓаните да добијат пристап до голем број производи, со што ќе се зголемува конкуренцијата и ќе се намалат цените. Се разбира, тоа би значело и поголем избор на производи – вели Атанасовски.

Во ЕУ речиси секој купува онлајн

Истражувањата покажуваат дека приближно 60 проценти од населението во Македонија користат Интернет, што е првиот предуслов за развој на онлајн-купувањето, кое во моментов кај нас речиси воопшто не се користи. Од друга страна, 60 отсто од луѓето што имаат пристап до Интернет во ЕУ купуваат онлајн, покажуваат податоците на Евростат. Преку Интернет, најмногу пазарат Британците, односно 82 отсто од нив, по што следуваат Данците, Швеѓаните, Германците и Финците, а најмалку онлајн-купувачи има во Романија, Бугарија, Естонија и во Италија. Анкетата на Евростат покажала и дека жителите на Велика Британија преку Интернет најчесто нарачуваат облека и храна, Швеѓаните најмногу резервираат патувања, а жителите на Луксембург порачуваат книги.

Нова Македонија 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1