Научниците од институтот Розвел Парк во САД развиле вакцина за која тврдат дека ги уништува ќелиите на рак и спречува повторно враќање на болеста.
Како што пренесува радио Слободна Европа американската агенција за контрола на храна и лекови FDA издала одобрение за производство на експерименталната терапија наменета за тестирање на луѓе заболени од рак.
Институтот развил процес во кој од пациентите се земаат канцерогени ќелии кои потоа се менуваат и се ,,учат,, да се бранат и да ги убиваат канцерогените ќелии. Вака изменети овие ќелии се враќаат во пациентот.
,, Вооружени со посебен протеин, ќелиите се враќаат во пациентот во вид на вакцина која е дизајнирана да создаде војска на ќелии убијци кои потоа го бараат и го уништуваат ракот,, соопштија од Институтот кој наскоро ќе ја лансира вакцината со име “SurVaxM” и за комерцијална употреба.