Конечно судот одлучи – Златото на Соња ТАТ ќе се дели на штедачите


Златото и златниот накит за кои сопственичката на штедилницата ТАТ, Соња Николовска, тврдеше дека се нејзино семејно наследство, а кое по банкротирањето на штедилницата ТАТ беше одземено од домот на нејзиниот покоен сопруг Стерјо Николовски, им припаѓа на штедачите и е дел од стечајната маса на штедилницата ТАТ, која е во стечај.

sonja tatВака пресече Врховниот суд на Република Македонија, кој деновиве ја отфрли ревизијата на децата на Соња Николовска, сопственичка на ТАТ, Александра, Марија и Томе, кои ја тужеа Република Македонија за одземеното злато, кое, според нив, било приватна сопственост на нивниот покоен татко Стерјо, пренесува Нова Македонија.

Во маратонските судски процеси, Соња Николовска беше осудена на 3 години и 10 месеци затвори, кои ги одлежа. Бившиот заменик-гувернер Томе Неновски, беше осуден на две години затвор за ТАТ, поради злоупотреба на службената положба и вмешаност во најголемата финансиска афера во Македонија.

За време на притворањето на Соња Николовска во периодот од 7 до 9 март 1997 година полицијата предводена од Диме Ѓурев од МВР и Коста Томовски од СВР Битола, од куќата на Николовски во фамозните три црни вреќи наводно ги ставиле и тајните тетратки во кои Соња пишувала вересии и исплати на рака, злато кое го земала како хипотека за краткорочни заеми, златен и сребрен накит и други скапи подароци.

sonja tat apsenjeЗа време на судскиот процес беше споменато дека златото во актовка било затворено во сеф на Заводот за платен промет, a вештаците не ја утврдија деталната содржина на црните вреќи затоа што рабушот на Николовска заедно со нејзиниот сопруг Стерјо, преку својот застапник скопскиот адвокат Кирил Смичковски упатија и писмено барање до МВР за враќање на златото и накитот што им биле одземени и ставени во фамозните три црни вреќи веднаш по објавувањето на пропаста на штедилницата.

По одземањето на златото и златниот накит од полицијата, најпрво сопругот на Соња Николовска, Стерјо, а подоцна неговите три деца поведоа судски спор во Основниот суд во Битола со кој бараа златото и златниот накит да им бидат вратени, бидејќи се нивна лична сопственост.

Сега, откако се исцрпени сите правни механизми, Соња Николовска и нејзините три деца не можат да си ги вратат златото и златниот накит и тоа останува дел од стечајната маса.

НИКОЈ НЕ ЈА ЗНАЕ ВРЕДНОСТА НА ЗЛАТОТО

Според стечајниот управник на штедилницата ТАТ, Душко Јанкуловски, сега треба преку овластен проценител да се процени вредноста на златото и златниот накит (белезици, ѓердани, обетки, златници со ликовите на Тито и на Гоце Делчев), кои цели 17 години се чуваат во некој од трезорите во Народна банка, и да се впаричи за обесштетување на штедачите.

На тој начин заврши речиси деценискиот судски спор за враќање на одземеното злато.
Засега никој не знае колку всушност изнесува вредноста на запленетото злато и златен накит од домот на Соња Николовска.

Нова Македонија

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1