За три месеци треба да биде донесен посебен закон за заштита од психичко вознемирување на работното место или популарно нарачен мобинг, што ќе важи и за јавниот и за приватниот сектор, јави Миа.
Таква одлука донела Владата, на иницијатива на Сојзуот на синдикатите на Македонија.
со законот ќе се предвиди квалификацијата на делото психичко вознемирување на работно место и случаите кога се цени дека е извршен мобинг.
Ќе има и санкциски одредби за вршење мобинг, ќе биде претставено правото на заштита и процесот за реализација на тоа право, а ќе се дефинира и ограничи злоупотребата на законот за несоодветно пријавување.
Од 2009 година, откако со посебни одредби во Законот за работни односи е предвидено правото за заштита од мобинг, се пријавени 30 случаи на мобинг.
Тоа се постапки отворени пред Комисијата за заштита од дискриминација, а многу помалку побарале судска заштита.