Координативно тело: Состојбата е стабилна, нови врнежи од вторник


Состојбата со водостојот на реките во Македонија е стабилна, но од вторник попладне се очекуваат нови врнежи со ист интензитет како вчерашните и можно е повторно да предизвикаат излевања во местата што беа поплавени

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по состанокот на Координативното тело попладнево соопшти дека нема опасност за излевање на големите акумулации, но малите се полни и за нив утре ќе има посебна координација бидејќи, како што рече, сакаат поподготвени да го чекаат дождот во вторник.vardar izlean poplava

– Големите акумулации се полни околу 30 проценти, така што нема опасност за некои големи поплави во наредниот период, но малите акумулации во најголем дел се полни и утре за нив ќе имаме специјален состанок за координација. УХМР информираше дека до вторник ќе имаме стабилно време, а во попладневните часови во вторник или во среда очекуваме врнежи со ваков ист интензитет, не поројни  дождови, туку среден тип дождови – истакна Јанакиески.

Со  дождови и поплави вчера најмногу бил зафатен штипскиот регион, но и гевгелискиот и кумановскиот. Во  злетовскиот регион имало оштетување на патишта, во Кумановско се  интервенирало во две населени места, а специјалните единици евакуирале едно семејство, бил ставен и вештачки насип кај реката Отиња во штипско Ново Село.

Јанакиески истакна дека најголем дел од поплавените површини се земјоделски, оштетени se дел од локални и од регионални патишта.

– Tимови за проценка ќе утврдуваат колку штета е направена, по смирување на состојбата, од она што засега се гледа, најмногу штета е направена на земјоделски површини. Најголем дел земјоделска површина е зафатена во Новаци бидејќи Црна Река има зафатено околу 250 хектари. Треба да се направи проценка и за останатите земјоделски површини – рече Јанакиески.

Од Вардар не се очекуваат поголеми проблеми во Демир Капија и  Гевгелија. Според информации на ЕВН нема поголеми дефекти на електродистрибутивната мрежа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1