Копилотот имал боледување за денот на несреќата но го скинал – 1 година се лечел од депресија


Германското Обвинителство соопшти дека вториот пилот на Боингот сопственост на Џерман вингс кој се урна пред три дена, Андреас Лубиц (27) скрил заболување што го имал од својот работодавач.

– Фактот што Лубиц добивал боледување од лекар, укажува првично, дека тој скрил здравствени проблеми од работодавачот и колегите – изјави обвинителот во Дизелдорф.MAIN-Andreas-Lubitz

Не е наведено за какво заболување се работи, но се нагласува дека тој бил под терапија со лекови.

Според него, не се откриени знаци на политички или религиозни мотиви за неговата постапка. Не е најдено ниту проштално писмо од Лубиц, јавија германски медиуми.

пред шест години бил подложен на психијатриско лекување поради сериозни депресивни епизоди, објави денеска германскиот таблоид „Билд“.

По преслушувањето на записите од црната кутија, истражителите не дојдоа до сознание кои биле мотивите на 27-годишниот Андреас Лубиц за преземање на авионот со 150 патници и членови на екипажот и за негово намерно уривање.

Меѓутоа, „Билд“, повикувајќи се на интерни документи и на извори во авикомпанијата „Луфтханза“, наведува дека Лубиц година и половина бил на психијатриско лекување. „Џерман Вингс“ е нискобуџетска компанија во сопственост на „Луфтханза“.

Според извршниот директор на „Луфтханза“, Карстен Шпор, пред шест години Либиц ја прекинал обуката за пилот, но потоа кога се вратил ги положил сите потребни тестови.

– Пред шест години имаше подолга пауза во неговата обука. Откако беше повторно примен, тој продолжи со обуката. Тој ги положи сите тестови и проверки за летање. Неговата способност беше беспрекорна – нагласи Шпор.

Истрагата за уривањето на „ербасот“, кој сообраќаше на линијата Барселона-Дизелдорф, дојде до заклучок дека Лубиц останал сам во кабината и намерно го вклучил копчето за мониторингот на летот, со што започнува неговото фатално спуштање се до страшниот судар во планината.

– Само во пилотската кабина, пилотот можел да го манипулира копчето на мониторингот на летот за да го вклучи спуштањето на авионот. Оваа акција може да биде само намерна – изјави јавниот обвинител од Марсеј, Брис Робин.

На конференција за печатот Робин оцени дека пилотот „имал намера да го уништи авионот“.

– Ние го имаме записот од последните 30 минути од летот – соопшти Робин, додавајќи дека капетанот излегол од кабината и во тој момент „ербасот А320“ летал со автопилот.

Според Робин, Лубиц намерно ракувал со командите на авионот за да ја намали височината на летот. Тој нагласи дека на снимката од пилотската кабина се слуша дишење на човек се до конечниот удар.

– Значи тој бил жив – рече Робин.

Во несреќата на „ербасот“ загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1