skola3Детето било пронајдено во четвртокот навечер во дистриктот Тонг Па Пум, во провинцијата Канчанбура, во близина на границата со Мјанмар, соопштила локалната полиција.

„Полицајците му пришле и му поставиле неколку прашања, но тој не разбирал тајландски“, изјавил шефот на полицијата на тој дистрикт, за АФП.
Тој објаснил дека дрогата била спакувана во околу 50 пластични ќесички ставени во две шишиња со пудра за бебиња.

„Ова е прв пат нарко бандите да користат дете за шверц“, додаваат од полицијата, наведувајќи дека можеби во групата шверцери бил и вујкото на детето.