Прва победа за Русија. Според очекувањата 91-56, 35 поени разлика за тотална доминација.
Уште по првата четвртина беше јасно кој е кој во натпреварот. 27-16 по 10 минути, на полувреме надополнети со уште 8 поени предност, 45-26. Рутински ја завршија работата со поделена минутажа на целиот тим. Првата ѕвезда Кириленко беше најефикасен, 16 поени, но за 22 минути игра.
Покрај него добра патија забелеза и Сергеј Монја со 14 уфрлени поени. Кај Кореанците најрасположен центарот Сандрин, со 15 поени. Утре во групат Ц, Кореја ке игра со Доминиканската Република, додека пак Русите имаат ден одмор. Во другите групи денеска на програмата се дуелите Грција-Јордан, Венецуела-Нигерија и за нас најважниот дуел, од 23 часот, Македонија-Ангола.