Кошмарен сон на родител спасил стјуарт од кобниот лет


На официјална прес-конференција денеска авиокомпанијата „Когалимавиа“ потврди дека 16 лица не се качиле на бродот „Airbus A321“, кој се урна во Египет. Во руските медиуми продолжуваат да излегуваат приказни и за други случаи на среќно преживеани од фаталниот лет.

Една недела пред несреќниот лет до Египет, поранешниот стјуард во компанијата „Когалимавиа“, Олег Ермаков, кој требало да лета со урнатиот авион ја напуштил работата. Тоа го спасило стјуардот од сигурна смрт, а причината да го направи бил пророчки сон на неговиот татко.padddd_thumb_medium500_282

Ермаков работел во „Когалимавиа“ 2,5 години.

– Ги познавав лично членовите на екипажот, ја познавав и машината, бидејќи многу пати сум летал со неа. Според распоредот за летовите на 31-ви требаше да летам за Египет, но буквално една недела пред страшната трагедија ја напуштив компанијата. Имав лични причини за тоа и го направив најмногу на инсистирање на татко ми. Тој сонувал лош сон поврзан со мене, и ми рече: „Олег, напушти“. И многу инсистираше … Сонувал дека се урнал авион и дека јас сум загинал токму во тој авион. Напуштив без предупредување, раскажува Ермаков пред НТВ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1