Косово без надгледувачи


Остана уште една поддршка на цивилната мисија Еулекс и неколку војници на Кфор на Косово.

Меѓународната управувачка група денеска јавно ја соопшти одлуката за престанок на надгледувањето на независно Косово.

На последната седница во Приштина ќе се заокружи мандатот на Меѓународната управувачка група и меѓународните цивилна канцеларија кои имаа задача да ја надгледуваат независноста во Косово.

На седницата ќе присуствуваат поранешните специјален преставник  на UN за Косово, Марти Ахтисари, германскиот дипломат Волфганг Ишингер и американскит претстваник Френк Визнер.

Тие ќе се обратат пред претседателот и премиерот на Косово, Атифете Јахјаге и Хашим Тачи. Додека европскиот комесар за проширување Штефан Филе ќе одржи и говор по повод затворање на Меѓународните  цивилни канцеларии на Косово.

Според Хашим Тачи, завршувањето на надгледувањето на независно Косово претстваува најголемо меѓународно признавање на земјата. Укинувањето на надгледувањето  доведува до затворање на меѓународните цивилни канцеларии на Косово, но останува цивилната мисија на Еулекс со околу 3000 службеници и Кфор со 5600 војници.

Tags: , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1