Косово се пишмани – Македонските камиони нема да плаќаат по 100 евра за влез


Македонските превозници од денеска нема да плаќаат патна такса во Косово. На вчерашната средба помеѓу ресорните министерства на Македонија и Косово договорено е  сите видови на превоз на стоки помеѓу Македонија и Косово да биде либерален, пишува порталот Курир.

kamioniСпоред информациите на Курир, на вчерашната средба помеѓу македонското и косовското министерство за транспорт и врски било договорено од вчера од 24 часот да биде укината патната такса за македонските превозници.

Од Министерството со транспорт и врски информирале дека конечно бил постигнат договор кој предвидува од денеска до 27 јуни до 24 часот, сите видови на превоз на стоки помеѓу двете земји да биде либерален, односно без режим на дозволи и без да се наплаќа било каква административна такса, пренесува порталот.

Двете министерства се обврзале во наредниот период да ги разгледаат можностите за потпишување на спогодба за меѓународен патен превоз помеѓу Македонија и Косово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1