Мирослава Милошевиќ-Николоска, професорка по детска психологија, која во 1974 година работела во домот, вели дека таквото однесување покажува дека децата се исплашени и мислат дека ќе добијат ќотек ако направат некоја грешка
За насилството врз децата и лошите услови во кои живеат во институции од овој тип говорат и извештаите на народниот правобранител. Во нив се вели дека, и покрај забраната за физичко и психичко насилство, тоа сѐ уште е застапено кај децата згрижени во установите.
Во последниот извештај народниот правобранител напишал дека по сопствена иницијатива повел постапка за заштита на правата од сексуална злоупотреба на воспитаник во домот „25 Мај“-Скопје од страна на друг воспитаник, кој во меѓувреме поради полнолетство го напуштил домот, пишува Нова Македонија.
Мирослава Милошевиќ-Николоска, професорка по детска психологија, која во 1974 година работела во домот, вели дека таквото однесување покажува дека децата се исплашени и мислат дека ќе добијат ќотек ако направат некоја грешка.
– Најверојатно ќотекот бил користен како воспитна мерка, можеби во институцијата или, пак, во семејството од каде што доаѓаат децата. Кога работев таму, во 1970-тите, ќотекот беше нормална воспитна мерка. И тогаш ситуацијата во тој дом беше шокантна. И тогаш беше недефинирана установа – вели Милошевиќ-Николоска.
Стевчо Соколов, директорот на установата, тврди дека вработените на ниту еден начин не вршат насилство врз децата.
– Откога јас сум директор на овој дом, тука нема насилство, а извештаите на народниот правобранител секоја година се сѐ подобри. Децата понекогаш лажно пријавуваат насилство од воспитувачите. Кога се работи со деца што се ранлива категорија потребно е со секое дете да се има различен пристап – во зависност од карактерот на штитеникот. Точно е дека не сите воспитувачи добро работат со децата, има и добри и лоши, сите имаат различен принцип на работа. Се случува брат и сестра да се степаат или штитениците меѓу себе, но воспитувачите не ги тепаат децата – тврди директорот.
Неофицијално, вработени во домот велат дека во институцијата се прават голем број абортуси на малолетните девојчиња. Според нив, често се случува воспитувачите да се затвораат во канцеларии и да ги оставаат децата без никаков надзор.
Целата сторија на – Нова Македонија