Козметика, лек, природен дезифициенс: 30 начини на кои може да го употребите лимонот


Дали знаевте дека древните Еѓипќани верувале дека лимонот има делотворна заштита против разни отрови и дека неодамнешните истражувања го потврдиле ваквото верување.

Лимонот како лек

Постојат многу здравствени бенефити од лимонот кои се познати веќе со векови. Двата најпознати се тоа дека лимонот има силно антибактериско и антивирусно делување. Лимонот го зајакнува имунитетот и може да помогне при слабеење бидејќи лимоновиот сок го забрзува метаболизмот. Содржи многу состојки: лимонска киселина, калциум, магнезиум, витамин Ц, биофлавоноиди и други состојки кои го зголемуваат имунитетот и се борат против инфекции. Ова се добропознатите факти за лимонот, но ова мало жолто овошје крие уште тајни.

1.Акни

Лимонот содржи лимонска киселина која може да помогне при лечењето на акните. Витаминот Ц се наоѓа во аргуминот, а неговата алкална природа убива одредени видови бактерии за кои е познато дека ги предизвикуваат акните. Сокот со лимон и вода би требало да биде првото нешто наутро.

Ставете свеж сок од лимон врз акните и оставете го да лицето во текот на целата ноќ. Утрото измијте го лицето со вода. Можно е да почувствувате непријатно чувство на кожата но тоа брзо ќе исчезне.

Измешајте еден дел од свежо исцеден сок од лимон со еднаков дел на сок од рози или мед. Ставете ја мешавината на лицето и држете ја најмалку половина час. Потоа отстранете ја со вода. Овој третман повторувајте го два пати во текот на денот. Наутро и навечер.

 2.Анксиозност

Истражувањата покажале дека мелисата има смирувачко дејство бидејќи нејзините листови мирисаат на лимон и поради тоа може да се користи за отстранување на замор, исцрпеност, вртоглавица, нервоза и напнатост. Исто така се верува дека со вдишување на масло од лимон може да се зголеми концентрацијата и будноста. Ако се чувствувате напнато, ставете неколку капки од етерично пасло од мелиса на ткаенина и вдишете.

limun-i-luk 3.Ранички во усната празнина

Докашаните антибактериски и антивирусни својства на лимонот можат да го забрзаат процесот на заздравување на раничките во усната празнина. Измешајте сок од свежо исцеден лимон и една чаша млака вода и исплакнете ја устата три пати дневно. Постои можност да почувствувате пецкање кога сокот од лимон ќе дојде во допир со оштетениот дел на слузокожата.

 4.Треска

Оваа појава може да настане поради најразлични причини, а лимонот секогаш е корисен лек. Додадете сок од еден лимон во чаша со топла вода, една лажичка мед и испијте ја наеднаш, а потоа повторувајте го истото на секои 2 часа додека не падне температурата.

 5.Настинка и грип

Кога сте настинати искористете ја лековитата моќ на лимонот со што би добиле потребна количина на витамин Ц во клетките за одбрана.

На првиот знак на настинка, течење на носот или воспаление во грлото, зголемете ја дозата на витамин Ц со цел да се елиминира вирусот. Пијте свежо исцеден сок од еден лимон со млака вода на секои два часа.

Доколку пак имате воспалување на грлото во една чаша млака вода додадете сок од еден лимон и една лажичка морска сол. Плакнете го грлото три пати на ден. Ако станува збор за ангина плакнете го грлото на секои два часа барем триесет секинди со свежо исцеден сок од еден лимон.

6.Жулеви

Парчиња од лимон кои се применуваат са време на ноќта се добар лек против жуљеви. Ставете парче лимон дебело околу 5 милиметри и завиткајте го со завој.

limfni zlezdi 7.Егзем

Доколку страдате од инфекција на кожата лимонот ќе ви овозможи олеснување. Во една чаша млака вода додајте осум капки етерично масло од лимон и една голема лажица мед. Медот исто така има антивоспалително дејство и ја зголемува лековитата моќ на лимонот.

Натопете ткаенина со смесата, истиснете го вишокот и држете ја крпата на саканото место 15 минути, два до три пати дневно. Не само што ќе ја олесни инфекцијата туку ќе го спречи и нејзиното повторување.

8.Борба против заморот

Светските патници и истражувачите гледаат на лимонот како на божји дар. Мала количина на лимонов сок ќе угаси жед многу побрзо отколку голема количина на вода.

Етеричното масло од лимон ја стимулира работата на мозокот па затоа кога и да се почувствувате уморно или не можете да се сконцентрирате, додадете четири капки од масло од лимон во сад за арома терапија. Можете да пиете и чаша вода со лимон на одреден временски интервал.

Како козметичко средство

1.Отстранување на мртвите клетки од кожата

Дајте и на својата кожа нов сјај со нежно масирање на саканото место со мешавина од лимонов сок и шеќер.

2.Намалување на борите

Загрејте една чаша млеко, две лажички лимонов сок и една лажичка коњак или ракија. Изладете ја смесата на собна температура, аплицирајте на саканото место и почекајте да се исуши па потоа измијте го лицетол

3.Осветлете ги пегите

Намачкајте ги со лимонов сок и исплакнете по петнаесет минути. Постапката повторете ја и навечер.

Сите 30 употреби на лимонот прочитајте ги на – BabinLek.com

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1